Највисока:
Најниска:
Влажност:
Прегледност:





 

 
ПЛК лого
Болести кај виновата лоза Најчести болести кај виновата лоза

Следниве болести претставуваат најчести болести кај виновата лоза. Овие болести се широко распространети во нашиот регион.
Пламеница (Plasmopara viticola)
Пламеница (Plasmopara viticola)Пламеницата е една од најопасните и најчестите болести кај виновата лоза.
Пламеницата ги напаѓа сите зелени органи на виновата лоза, најчесто листот и зрната, а поретко цветот. Првите симптоми треба да ги бараме на најдолните млади ливчиња.
Развојот на пламеницата тргнува од почвата, од презимените спори од заразените листови во претходната година. Загревањето на почвата над 8˚C барем (24 часа), со температура на воздухот > 11˚C и дожд од минимум 10mm предизвикуваат развој на дел од спорите.
Развиените спори дождот и ветерот ги носат на младите листови на лозата.
По некое време се јавува светла зеленожолта зона (маслена дамка) на листот, која постепено се зголемува, а при влажно време на опачината на листот се јавува бела превлака. Тоа се насобрани спори кои со помош на ветрот и дождот ќе шират и ќе предизвикуваат секундарни инфекции на нови листови. Дамката постепено станува жолта, па црвено смеѓа и на крај се суши.
Времето од почетокот на заразата до појавата на првите видливи знаци, кон крајот на Мај може да изнесува 12-15 дена, а кон крајот на Јуни 4-6 дена.
Пламеницата може да ги зафати зрната од гроздот се додека не постигнат голмина од зрно грашок (5-7mm) и додека не се препокријат со восочен полеп, иако и подоцна е можна зараза преку рачките каде стомите се сеуште отворени.
Пламеницата е неопходно да се сузбива со фунгициди. Према начинот на делување ги делиме на контактни и системични. Контактните фунгициди мораат да бидат на листот пред инфекцијата или барем пред фруктификацијата.
 
Пепелница (Uncinula necator)
Пепелница (Uncinula necator)Пепелницата на виновата лоза е добро позната болест која последните години предизвика значителни штети во лозарството.
Пепелницата презимува како мицелиум во папките, од каде во пролет ги пушта своите хифи на веќе протераните ластари и листови.
Првите зарази обично не се забележуваат. Пепелницата се развива во облик на сивкаста површинска превлака на зрната, листовите и краковите. Во лето габата се развива на краковите во облик љиљакова-рѓава превлака.
Периодите на големи разлики помеѓу дневната и ноќна температура и висока релативна влажност на воздухот извонредно погодуваат за развој на пепелницата. Таа се развива во широк температрен интервал од 5-35˚C (оптимум од 20-27˚C) и релативна влажност од 20-100% (оптимум од 60-80%). Времето од зараза од нова појава на конидии трае 7-14 дена, зависно од временските услови.
Во принцип, за првите третирања, до пред цветање и за последните после затворањето на гроздовите се третира со контактни фунгициди.
За останатите прскања пожелно е да се употребуваат системични препарати сами за себе или во комбинација со сумпор или некој контактен препарат. При долготрајна употреба на исти системици пепелницата ствара резистентност (отпорност), поради што треба да се користат различни фунгициди.
 
Сиво гниење на грозјето (Botrytis cinerea)
Сиво гниење на грозјето (Botrytis cinerea)Причинителот на сивото гниење на грозјето кај лозата презимува по зрелите ластари. Конидиите р'тат при температура од 1-30˚C (најмасовно при 18˚C) во присуство на капки од вода или релативна влажност над 90%.
Заразите може да настанат уште во фаза на прецветување или покасно до големина на зрната на зрно од грашок.
При зреењето на грозјето, до колку има поволни услови (висока релативна влажност) причинителот се активира и причинува гниење на грозјето од внатрешноста на гроздот.
Најповолна средина за развој на габата е гроздовиот сок, па затоа грозјето е најосетливо од прошарокот (кога содржината на шеќер е 12%) до бербата, особено ако има оштетувања на лушпата од пепелница, гроздови молци, обилни дождови и слично.
Заштитата на грозјето од сиво гниење треба да започне непосредно после прецветувањето (кога 2/3 од цветните капи опаднале), пред затварањето на гроздовите и непосредно пред прошарокот.
 
Гроздови молци - сив и жолт (Lobesia botrana, Eupocilia ambiguella)
Гроздови молци - сив и жолт (Lobesia botrana, Eupocilia ambiguella)Молците се стопански најголемите штетници на лозата. Нивната биологија е тесно поврзана со временските услови. Сивиот молец е штетник на топли и суви поднебја, а жолтиот молец бара влажни и ладни реони. Согласно климата во Македонија сивиот молец е многу по присутен во лозјата.
Сивиот молец годишно има 3 генерации, а во исклучително топли години и 4, но тие се секогаш измешани.
Пеперутките од пролетната генерација се јавуваат уште пред цветањето на лозата и нивниот лет се продолжува зависно од годината и до три недели.
За целокупната заштита се сведува на борба против гасениците на штетникот со инсектициди. Се препорачува пратење на летот на пеперутката и полагање на јајцата, за да се одреди терминот на третирање. За добар успех најважно е сузбивањето на гасениците во пролет. Целта е да се сузбие првата генерација на молецот (пред цветање) како би се намалила опасноста од нападот на втората генерација која е поопасна.
За успешно третирање на молецот треба да се спроведат агротехнички мерки за подобрување на струењето на воздухот во лозјето.
Треба да се постават феромонски мамци за пратење на летот на молецот, па 4-8 дена по најголемиот улов на пеперутките треба да се спроведе заштита со инсектициди.
Третирањето обично се комбинира со прскање против пепелница и пламеница. Доколку се третира посебно само против молецот тогаш доволно е да се прска само во зоната на гроздот.
 
Најави Се
Корисничко име:
Лозинка:
Регистрација
За да се станете член на нашата кооператива кликнете овде.
Подесување на локација за временска прогноза
Овде можете да изберете една од понудените локации за која сакате да се прикажува временската прогноза кога ќе ја отворите нашата електронска страница.

Напомена: За користење на ова можност потребно е да вашиот веб пребарувач дозволува користење на колачиња(cookies).

Земја Град Мерна единица: