|
|
|
|
|
Производство на вино и ракија
|
|
|
|
Садови за чување и вриење на комињето од грозје и овошје
|
|
Чистење на садовите за чување на комиње
Доколку во садовите со мирис на мувла или друг непријатен мирис, се стави комиње за превривање, тогаш исотот ќе поприми непријатен мирис кој потоа ќе премине во ракијата. Ракијата во ваквите садови, во потешки случаи би станала неупотреблива. Најпрво на секои 100 литри зафатнина од садот се става 3-5 литри топла вода во која е растворено 100 грама Калиумперманганат (хиперманган). Бурето треба добро да се изврти и да се измие со топла вода. Мрката боја која настанува од хиперманганот се отстранува со додавање на раствор од 0,5% сумпуреста киселина или 1% раствор на винобран (калиум-метабисулфит) во вода. После ставањето на еден од овие раствори, бурето добро се извртува и после неколку часа се празни со добро миење со вода. Садовите во кои се развила габата, а сеуште не покажува интензивен непријатен мирис, се обработува со вода во која е додадена концентрирана сумпурна киселина (H2SO4) и хиперманган. На 100 литри вода се додава 100 милилитри концентрирана сумпурна киселина и 200 грама калиум перманагант. Бурето добро се извртува и се празни, а потоа 2-3 пати се плакне со вода во која е додаден хиперманган (200 грама на 100 литри вода). Талогот со темна боја од хиперманганот се отстранува на предтоа опишаниот начин.
Скиселени буриња Бурињата кои се скиселени имаат мирис на оцет, како и другите несиправни дрвени садови, можеме да ги доведеме во ред, со следниот третман: на секои 100 литри капацитет се додава 2 килограма негасена вар, бурето се затвара и се валка неколку пати. Потоа се врши чистење со рибачка четка и добро се плакне со вода.
|
|
|
|
Најави Се
|
|
|
|
|
Регистрација
|
|
|
За да се станете член на нашата кооператива кликнете
овде.
|
|
|
|
|
|
|